„Бев млада и неискусна“: Мишел Фајфер откри дека се срами од еден свој филм

190

Мишел Фајфер снима филмови од 1980-тите. Таа се прослави со улогите во филмовите како „Лице со лузна“, „Вештерките од Иствик“, „Опасни врски“. Во тој период таа беше меѓу најбараните актерки во Холивуд, а режисерите брзо ја препознаа нејзината моќ да привлекува публика.

Мишел откри дека се срами од овој филм

И покрај бројните успеси, Мишел, како и многу актери, се соочи со предизвици и погрешни одлуки. Таа изјави дека нејзиното најголемо жалење е филмот „Брилијантин 2“ од 1982 година, првото продолжение на култниот „Брилијантин“ од 1978 година. Во интервју за „hollywood.com“ таа изјавила дека „го мрази тој филм“ и дека нејзината одлука да глуми во него е резултат на младешкото неискуство. Иако „Брилијант 2“ во последно време привлекува малку повеќе обожаватели поради својата иронија и храбар тон, тоа не го промени односот на актерката кон него. За неа тој филм останува дел од минатото што би сакала да го избрише.