Врховниот судија Бранко Хрватин од Хрватска консултант на Мицковски за подобро судство

Премиерот најави старт на реформите во судството

18

Премиерот Мицковски изјави дека се сретнал со европскиот експерт за правосудство Бранко Хрватин, а разговарале за реформите во правосудството.

,,Веќе остварив средба со европски експерт во мојот кабинет за време на викендот, тој е Бранко Хрватин кој работи на проект финансиран од страна на ЕУ во Црна Гора. Добив квалитетни идеи во делот на реформите во правосудството, и во текот на следната недела очекувам веќе да имаме оперативна средба со министерот и со луѓето кои се веќе дел од оваа работа и да почнеме веќе да работиме. Најпрво да почнеме од Судскиот совет, па после од Советот на јавни обвинители, се до оној момент додека не го ослободиме Судството и Обвинителството октроирани од партиските стеги на ДУИ и на СДСМ, изјави Мицкоски.

Врховниот судија од Хрватска беше на чело на Мисијата на ЕУ која лани го оценуваше работењето на Судскиот совет и му даде 17 препораки за исполнување со цел јакнење на независноста и кредибилитетот на судството. Мицковски неодамна изјави дека, од страна на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители не пристигнале предлог-реформи, па затоа ќе консултира странски експерти за подобрување на состојбата во судството.