Украина ја затвора славината? Се огласи Путин

329

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија продолжува да испорачува гас за Европа преку Украина, но дека договорот за снабдување истекува во декември оваа година.

„Постојат две рути (за испорака на гас) низ територијата на Украина. Едната од нив е мерната гасна станица Сорановка, која украинската страна ја затвори одамна. А, што се однесува до втората рута, каде што се наоѓа Суја, населено место – да, ние навистина испорачуваме по тој пат, испораките сè уште течат, но договорот истекува на крајот на оваа година, во декември“, рече Путин во интервју за телевизијата „Русија 24“, пренесе Спутник.

Путин смета дека Украина нема намера да го продолжи транзитот на руски гас во Европа во 2025 година, иако има преземено обврски и се приклучи на европските закони, а според тие правила било неопходно однапред да се резервираат капацитети за испораки.

„Во јули оваа година помина рокот за резервација на испораки преку таа рута (преку мерната станица „Суџа“). Колку што знам, досега украинската страна не направила никакви напори да продолжи таа работа. За да продолжат испораките, потребно е, пред се, да се потпише нов договор, а второ, резервирањето на тие капацитети требаше да почне во јули за некој да може да ги искористи“, рече Путин. Тој додаде дека Москва не одбива за снабдување со гас во Европа и дека во тие неколку правци може да се користат за оваа намена.

„Русија никогаш не одбива испораки, вклучително и преку украинската рута, но, судејќи според сè, Украина нема намера да го стори тоа. Покрај тоа, тие неодамна го повторија ставот дека украинските гасни компании немаат намера да го продолжат или склучат нов транзитен договор со Руската страна значи дека ја затвораат таа рута“, заклучи Путин.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во август изјави дека никој нема да потпише договор со Русија за продолжување на транзитот на руски гас преку Украина, кој истекува на крајот на 2024 година, додека советникот на шефот на кабинетот на Зеленски, Михаил Подољак, рече дека Украина ќе го суспендира транзитот на руската нафта и гас во земјите на ЕУ од 1 јануари 2025 година.