Перез изненади со едно име кое сака да го донесе во Реал (М)

400
epa10219042 President of Real Madrid Florentino Perez speaks during the Ordinary and Extraordinary General Assemblies of the Spanish La Liga's team Real Madrid, in Madrid, Spain, 02 October 2022. EPA-EFE/FERNANDO ALVARADO

Новата сезона не започна баш најдобро за Реал (М) кога е во прашање играчкиот кадар бидејќи повредите веќе му создадоа голема главоболка на Карло Анчелоти.

Давид Алаба одамна е повреден и надвор од теренот, па дури се шпекулира дека Австриецот поради тоа би можел да ја заврши кариерата.

Но, многу поголем проблем за „кралевите“ е повредата на Дани Карвахал, кој неодамна ги скина лигаментите на десното колено, поради што сезоната за него веројатно е завршена, а Анчелоти нема вистинска замена на позицијата десен бек.

Сите овие проблеми го принудија Перез да размислува за следното лето и засилувања бидејќи сака да има доволно решенија во играчкиот кадар за вакви ситуации, што очигледно во моментов не е случај.

Прв на листата на желби е Трент Александер-Арнолд, кому му истекува договорот со Ливерпул и „кралевите“ сакаат да го доведат. Заедно со Карвахал би можел да биде решение на позицијата десен бек следната сезона, што секако би било многу важно.

Покрај тоа, Реал (М) сака да се засили и на позицијата лев бек, каде во моментов единствено решение е Ферланд Менди. Кога го нема францускиот играчи, на таа позиција играат Камавинга или Чуамени, кои се играчи од средниот ред.

Што се однесува до левиот бек, Реал (М) го сака Алфонсо Дејвис, што е веќе добро познато. И неговиот договор со Баерн (М) истекува на крајот од сезоната, но за разлика од Александар-Арнолд, тој веќе покажа јасна желба да замине во Реал и дека не е заинтересиран да остане во Минхен.

Мадридски „АС“ додава спорна е и позицијата на стопер, а во моментов најспомнати се Витор Реис (18) од Палмеирас и Јарек Гасировски (19) кој настапува за Валенсија. Исто така, можно е Реал да се обиде да го доведе Џонатан Таха од Баер Леверкузен.

Исто така, „АС“ пишува дека средниот ред ќе биде еден од приоритетите. Реал (М) го следи Витиња кој настапува за ПСЖ. Овој 24-годишен фудбалер веќе е во контакт со Реал и му порача на агентот Жорге Мендеш да направи се за да потпише за „кралевите“ следното лето.

Се очекува Реал да бара замена и за Лука Модриќ, но веќе е добро познато дека на таа позиција го посакуваат Флоријан Вирц од Леверкузен.