Ѕвездата на Реал (М) и се закани на сопругата

117

Љубовната приказна на „8-та“ на Реал (М), Федерико Велверде и Мина Бонино се одвиваше како на филм, а на нивната среќа и денеска и нема крај.

Валверде е еден од најважните играчи на Реал (М), иако често е во сенка на другите големи ѕвезди со кои е опкружен, но Карло Анчелоти го обожава. Тој смета дека Реал (М) не би бил тоа што е без Уругваецот во своите редови.

Играчот за врска е во среќен брак со спортската новинарка Мина Бонино, која е пет години постара од него. Тие се венчаа во 2022 година.

Иако некои би помислиле дека се запознале на терен или на телевизија, тие се поврзале преку социјалните мрежи, а Мина на првиот состанок пристигнала со авион од Шпанија до Аргентина, така што и двајцата набрзо сфатиле дека се создадени еден за друг.

Два месеци подоцна живееле заедно, а во меѓувреме добиле и два сина. Мина е многу популарна во Шпанија, а исто важи и за нејзиниот сопруг.

Тие важат за еден од најпопуларните парови во Мадрид, особено поради нивната активност на социјалните мрежи. И покрај љубовта кон Реал (М) која ги обединува, секој има свои фудбалски преференции.

Имено, Мина никогаш не ја криела својата приврзаност кон Ривер Плата, додека Феде, логично, навива за со Пењарол, клубот во кој израснал. Ова би можело да биде точка на расправа во наредните недели, бидејќи двата тима се уште се „живи“ во Копа Либертадорес.

„Се надевам дека ќе има финале Пењарол – Ривер Плата. Мислам дека дури може да дојде до развод“, изјави смеејќи се Феде Валверде пред микрофоните на „SportsCenter“ на ESPN. Моментално и двата тима се во полуфиналето со цел да се пласираат во големото финале, а потоа …

Иронично, Феде рече дека нивниот брак би можел сериозно да се тестира доколку нивните омилени тимови се најдат во финалето. Но, пред тоа, Ривер и Пењарол треба да ги совладаат незгодните противници во полуфиналето.