Седумчлено семејство го напушти ресторанот, а сметката мораше да се фотографира

160

Џема Ловден, мајка на пет деца и сопруга на човек кој знае многу да јаде, призна дека не можела да си поверува кога келнерите и ја предале сметката во ресторанот Линарес во Тенерифе.

Семејството неодамна се почести со две големи пици, пилешко со лимон во сос од лук и стек. Заедно со нарачката на Кока-Кола и две големи води, сметката изнесуваше 54,58 евра!

Ќе признаете, тоа е навистина прифатлива цена за таква елитна туристичка дестинација, па дури и нејзините многубројни следбеници на TikTok беа изненадени од сметката.

„Во Соединетите Држави би ви наплатиле 280 долари за ваква вечера и би побарале дополнителен бакшиш од 25 отсто“, напиша некој во коментарите за да истакне колку на многумина им станало скапо јадење надвор.

За среќа, се уште има толку убави дестинации како Тенерифе кој во 2022 година го посетиле речиси шест милиони туристи.