„Па Модриќ, како можеш мирно да спиеш, не ти е срам?“

187
epa10206062 Luka Modric of Croatia warms up for the UEFA Nations League soccer match between Austria and Croatia in Vienna, Austria, 25 September 2022. EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Лука Модриќ денес е светска фудбалска ѕвезда, а кој знае дали ќе стигнеше до тука да не беше Здравко Мамиќ, човекот кој има сериозен проблем со хрватското правосудство. Порано беа како прст и шајка, а сега немаат никаква врска.

Кога му се судеше на Мамиќ за земање пари од Динамо (З), еден од сведоците во целиот случај беше Модриќ. Капитенот на Хрватска во еден момент беше обвинет и за лажно сведочење.

Се заврши со тоа што Мамиќ беше осуден на 6,5 години затвор, па пред пресудата беше принуден да побегне во БиХ, а во меѓувреме беше повлечено обвинението против Модриќ.

Мамиќ дефинитивно може да се смета за фудбалски татко на Модриќ. Меѓутоа, денес нивните односи се непостоечки, а тоа го потврди и Здравко.

Додека некогаш првиот човек на Динамо (М) има право да се движи само низ БиХ,  Модриќ со Реал (М) го освои светот и се здоби со статус на фудбалска икона.

Како гостин во подкастот на „Инкубаторот“, Мамиќ раскажа како Модриќ всушност се покажал неблагодарен после се што направил за него.

„Па Модриќ, како можеш мирно да спиеш, не ти е срам. Тој е човек кој никогаш во животот не ми купил кафе, никогаш во животот не ми дал билет за натпревар, а јас се уште го почитувам и го сакам со целото мое битие. Му го дадов првиот часовник, му ја купив првата кола, му обезбедив возачка дозвола и ја вработив неговата девојка, која сега му е сопруга, ги однесов до олтарот затоа што неговата сопруга сакаше јас да бидам до неа, а не татко му. Тие луѓе никогаш не ми се јавија, се криеја, никако не можам да ја објаснам оваа моја приказна“, се пожали Мамиќ.

Фудбалскиот менаџер откри и дека се откажал од договорот со Модриќ, според кој до крајот на животот имал право на 20% од приходите на играчот.

„Имав потпишан договор со него дека засекогаш ќе добивам 20 проценти од неговите приходи. А кога тој замина од Динамо (З), бидејќи добив одредена сума пари, се откажав од моите побарувања пред 13-14 години, кои денес би биле околу 20. милиони евра. Погледнете што ми се случи. Па Модриќ, како можеш да спиеш? Не се срамите?“, додаде Мамиќ.

Здравко беше тој што ризикуваше со Модриќ пред 20 години, во него виде голем потенцијал и го турна во А репрезентацијата на Хрватска, за во 2008 година играчот од средниот ред да замине во Тотенхем за 22 мил. евра.