Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија

42

Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот се случил на длабочина од пет километри, додава EMSC.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 11 километри источно од градот Фјер, каде живеат околу 60.000 луѓе.