Прекин на традицијата и враќање на корените: „Вашингтон пост“ нема да поддржи ниту еден претседателски кандидат

59

Американскиот весник „Вашингтон пост“ нема да поддржи ниту еден кандидат на претстојните претседателски избори, прекинувајќи со оваа одлука децениската традиција.

„Вашингтон пост“ нема да поддржи претседателски кандидат на овогодинешните избори, ниту на идните претседателски избори, се вели во соопштението на издавачот Вил Луис, пренесува Си-Ен-Ен.

„Се враќаме на нашите корени да не ги поддржуваме претседателските кандидати“, додаде Луис.

Луис изјави дека „Вашингтон пост“ е свесен дека одлуката ќе се толкува на различни начини, вклучително и како премолчено одобрување на еден кандидат, или како осуда на друг или како отфрлање на одговорноста.

„Тоа е неизбежно… Ние не гледаме на тоа така. Ние веруваме дека тоа е во согласност со вредностите што „Вашинготн пост“ отсекогаш ги претставувал и она што го очекуваме од лидерот: карактер и храброст во служба на американската етика, почитување на владеењето на правото и почитување на човековата слобода во сета своја аспекти“, додаде тој.

Сопственик на „Вашингтон пост“ е милијардерот Џеф Безос, основачот на „Амазон“.

Поранешниот извршен уредник на „Пост“, Марти Берон остро ја критикуваше одлуката на издавачот, велејќи дека тоа е „кукавичлук, а демократијата е жртва“.

„Доналд Трамп ќе го сфати ова како покана за дополнително заплашување на сопствениците на Безос (и другите)“, напиша Барон во објавата на социјалните мрежи.

„Вознемирувачка безрбетност во институција позната по својата храброст“, оцени тој во врска со одлуката за недостиг на поддршка за еден од кандидатите на претседателските избори во САД.

Одлуката на Вашингтон пост доаѓа само неколку дена откако сопственикот на „Лос Анџелес Тајмс“, Патрик Сун-Шионг, го блокираше планираното одобрување на весникот за потпретседателката на САД и  демократска кандидатка Камала Харис, што доведе до оставка на тројца членови на уредничкиот одбор.