Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување 65 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар, Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров.
Интервенирано е на булеварот „Александар Македонски“, како и на улиците „Џон Кенеди“ и „Крсте Асенов“ во општината Чаир, каде што се подигнати 15 кубни метри непрописно одложен градежен и кабаст отпад.
ЈП Комунална хигиена-Скопје расчисти и две помали диви депонии во скопската општина Ѓорче Петров, лоцирани на улицата „Никола Парапунов“, каде што се отстранети 15 кубни метри отпад.
Екипите на претпријатието имаа активности за расчистување и на обемна дива депонија лоцирана на паркингот на спортската сала „Борис Трајковски“, при што се подигнати 20 кубни метри претежно кабаст отпад.
Расчистени се и приближно 15 кубни метри отпад од картонска амбалажа одложен на јавни и сообраќајни површини во непосредна близина на Зегин на скопски „Бит Пазар“, како и на повеќе локации во населбата Кисела Вода.