Шолц „ги закопа“ сите надежи на Украина: Не може во НАТО додека е во воена состојба

35

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека во моментов не постои можност Украина да биде поканета во НАТО бидејќи, како што наведе, според него, земја во воена состојба не може да стане членка на Алијансата, пренесе Танјуг.

Шолц синоќа, за телевизијата ЗДФ, изјави дека земја во воена состојба дефинитивно не може да стане членка на НАТО и дека, како што наведе, сите се согласуваат со тој став.

Според Шолц, во моментов се разговара за „безбедносните гаранции“ по завршувањето на актуелната војна во Украина.