Од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање преку EU TAIEX програмата организирана е студиска посета во Република Чешка на која учествуваат двајца претставници од Министерство за животна (Сектор за природа при Управата за животна средина), еден претставник од Државниот инспекторат за животна средина (Главен Инспектор за заштита на природата Пејо Кировски) и еден претставник од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Студиската посета се однесува за спроведување на одредбите од ЕУ Директивата за ЗОО градини, а се реализира од 22-25 oктомври 2024 година. Македонската делегација имаше работни средби со претставници од Министерството за животна средина од Република Чешка, претставници од неколку Зоолошки градини во Република Чешка како и работни посети во Прашката Зоолошка  градина и Пилсе Зоолошката и Ботаничка градина.

– Во Чешкото министерство за време на работните средби беше презентирано законодавството и неговото спроведување, пред се Законот за зоолошки градини, Законот за природа и ЕУ Директивата за ЗОО градини, како и презентации од претставници на неколку зоолошки градини во Република Чешка. При посетата на Прашката и Пилстен зоолошките градини од страна на менаџментот детално ни презентираа за работата и управувањето со зоолошките градини, нивното членство во асоцијацијата ЕАЗА, меѓународната соработка, а со зоолози ги посетивме живеалиштата на животните – вели инспекторот Кировски. 

Тој потенцира дека од студиската посета преку размената на информациите се добија квалитетни смерници и податоци за олеснување при процесот на примената и спроведувањето на законодавството во Македонија.