МАЛОЛЕТНИК УБИ ПОЛИЦАЕЦ, А ТЕШКО РАНИ ДРУГ: Крвав напад на полициската станица во Босанска Крупа

388

Еден полицаец е убиен, а друг повреден, во нападот на полициската станица во Босанска Крупа вечерва, изјави портпаролот на МУП на Унско-санскиот кантон, Аднан Бегановиќ.

Тој истакна дека малолетник ја нападнал полициската станица и убил полицаец, пренесува Klix.ba.

Повредениот полицаец е хоспитализиран во тешка состојба, а портпаролот додаде дека нападот бил извршен со ладно оружје, односно со нож.