КРВАВА ОДМАЗДА НА ТУРЦИЈА: Жесток воздушен напад врз цели на курдските милитанти во Сирија и Ирак по терористичкиот напад во Анкара/ВИДЕО

218

Турција започна воздушни напади врз цели на курдските милитанти во Сирија и Ирак, откако откри дека Работничката партија на Курдистан (ПКК) стои зад терористичкиот напад во средата врз фабрика за авиони во Анкара, во кој загинаа пет лица, а повеќе од десетина беа ранети.

Турската национална разузнавачка служба соопшти дека целела на голем број „стратешки локации“ што ги користи ПКК или сириската курдска милиција поврзана со милитантите, пишува Гардијан.

ПКК веднаш не излезе со соопштение за нападот или за турските воздушни напади. Целите вклучуваат воени, разузнавачки, енергетски и инфраструктурни објекти и складишта за муниција, се вели во извештајот. Официјален претставник за безбедност рече дека во нападите во четвртокот биле користени вооружени дронови.

Сириските демократски сили (SDF) предводени од Курдите денеска објавија дека во турските воздушни напади загинале 12 цивили во североисточна Сирија.

„Во текот на изминатите часови… нов бран турски напади врз северна и источна Сирија уби 12 цивили, меѓу кои две деца, а рани 25 други“, се вели во соопштението на СДФ, додавајќи:

– Покрај населените места, турски воени авиони и беспилотни летала гаѓаа и пекари, електрани, нафтени постројки и контролни пунктови на курдските сили за внатрешна безбедност – се додава во соопштението, во кое се споменува и турско гранатирање.

Вчера турските воздухопловни сили извршија напади врз слични цели во северна Сирија и северен Ирак, неколку часа откако турските владини претставници ја обвинија ПКК за терористички напад врз седиштето на воздушната и одбранбената компанија во близина на Анкара.

Во воздушната офанзива сѐ уништени повеќе од 30 цели, соопшти турското Министерство за одбрана.