Сергеј Трифуновиќ ја пријавил сопругата во полиција поради семејно насилство – драма со познат епилог

418
Фото:Инстаграм

Актерот Сергеј Трифуновиќ синоќа околу 22 часот ја пријавил сопругата Исидора во полиција за семејно насилство – пишува порталот Данас.

Како што неофицијално дознава Данас, повикал полиција и изјавил дека трпел насилство од сопругата Исидор.

Таа наводно му се заканувала дека ќе искрши се во станот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergej Trifunović (@whistler_dick)

 

Изворот тврди дека властите синоќа утврдиле дека сопругата на Трифуновиќ не сторила ништо, а нема елементи на кривично дело од областа на семејното насилство, бидејќи упатила закана.

Според пишувањата на медиумите во Србија, со нив синоќа бил извршен разговор во полициска станица.

Сергеј и Исидора се венчаа на 12 мај годинава во Белград.

Тие неодамна направија граѓанска венчавка.

„Би можел да се женам со тебе еднаш месечно“, напиша тогаш актерот на Инстаграм под фотографијата со сопругата.