До крајот на месецов уживајте во сончевите денови, температурите до 23 степени

33

Под влијание на висок воздушен притисок – антициклон, како и на стабилна и сува воздушна маса, до крајот месецов времето ќе биде стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност. Ќе биде и претежно тивко.

Наутро останува студено и со појава на магла по котлините и по речните долини, која во текот на денот ќе се расчистува. Прекуден ќе имаме пријатни температури, кои ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 23 степени.

Во Скопје и околината, до самиот крај од овој месец, времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе биде и претежно тивко, па наутро ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност, која во текот на денот ќе се расчистува.

Температурите остануваат без промени и прекуден ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 22  и 23 степени, вели метеопрогнозерот Славчо Поповски, кој порачува: „Уживајте додека можете во преубавите сончеви есенски денови со пријатни температури на воздухот“.