На Харви Вајнстин му е дијагностициран рак: Осудениот холивудски предатор во затвор прима терапија за рак на коскената срцевина

22

На поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин му била дијагностицирана хронична миелоидна леукемија, форма на рак на коскената срцевина, потврдија извори за ABC News.

Изворите исто така рекоа дека Вајнстин прима терапија додека е во затвор.

Неговиот правен здравствен застапник во Њујорк, Крег Ротфелд, одби да ги коментира наводите.

Според Американското здружение за рак, хроничната миелоидна леукемија е вид на рак кој започнува во клетките кои формираат крв во коскената срцевина, а потоа се шири во крвта.

Вајнстин моментално е затворен на островот Рикерс во Њујорк, каде претрпе серија здравствени проблеми за време на судењето за сексуален напад.

Во септември, тој итно беше префрлен во болница на операција на срцето, откако доживеа болка во градите.

Во јули, неговите претставници рекоа дека тој бил хоспитализиран поради „голем број медицински состојби“, вклучително и коронавирус и двојна пневмонија.

Исто така, беше наведено дека Вајнстин се бори со дијабетес и висок крвен притисок.

Повеќе од 100 жени излегоа со обвинувања дека Вајнштајн ги силувал или сексуално ги нападнал, што претставува пресвртница за движењето #MeToo во борбата за ставање крај на сексуалното насилство во Холивуд.

Тој е во затвор во Њујорк, каде што издржува казна за одделни сексуални злосторства, за што судот во Лос Анџелес го осуди на 16 години затвор.