ПО СТРУЈНИОТ КОЛАПС, ЈА ЗАФАТИ УРАГАН: Куба четврти ден во мрак, жителите загрижени и поради пристигнувањето на „Оскар“

107

Кубанците излегоа на улиците во знак на протест поради прекинот на електричната енергија што трае веќе четири дена, а нивната загриженост се зголемува со пристигнувањето на ураганот Оскар, кој го премина источниот брег, носејќи силен ветер и силен дожд.

Во квартот Санто Суарез во Хавана, жителите доцна синоќа излегоа на улиците удирајќи во тенџериња и тави во знак на протест, пренесе АП.

Демонстрантите изјавија дека немаат ни вода за пиење и ги блокираа улиците со ѓубре.