Луѓето со овие здравствени проблеми треба да ја избегнуваат зелката

539

Зелката е богат извор на витамин Ц и е важна за зајакнување на имунитетот. Исто така таа е одличен извор на влакна и корисна е за регулирање на варењето. Богата е и со витамините Б1, Б2 и Б6, кои ја зголемуваат количината на енергија во организмот, а поради витаминот К е одлична храна за мозокот.

За да се зачуваат сите драгоцени состојки, важно е зелката да се вари кратко или уште подобро, да се јаде сирова како салата. Долготрајното готвење ги уништува глукозинолатите, чии антиканцерогени својства се вредни.

И црвената и зелената зелка се подеднакво здрави, па нема да погрешите при изборот на било која од двете, но нутриционистите ги советуваат луѓето со одредени болести да внимаваат при консумирањето на зелката.

На луѓето со камења во бубрезите, панкреатитис и чир на желудникот не им се препорачува да консумираат многу зелена зелка.

Зелката содржи пурини кои доведуваат до формирање на урична киселина во телото, што ја влошува состојбата на гихт и камења во бубрезите. Ако треба да јадете храна без пурини, можете да јадете овошје, зеленчук, житарки и млечни производи. Зелката ги поттикнува тегобите при болести како панкреатитис и чир на желудникот.