Повлечена дипломатската патна исправа на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини

43

Дипломатската патна исправа на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини е повлечена од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија,

Министертството за надворешни работи одлучи да ја повлече одлуката на поранешниот министер Бујар Османи кој во неговиот мандат од непознати причини му подари дипломатски пасош на првиот човек на Федерацијата. Ваков тип на пасоши добиваат личности кои се заслужни допринеле за афирмација на Македонија насекаде низ светот.

Овој потег на МНР доаѓа по низата скандали кои се случија во ФФМ и по серијата на откази на спонзорства на парнетри кои долги години беа поддржувачи на ФФМ. Во меѓувреме МНР ја остави на сила одлуката за пасош со дипломатски почести да ги имаат фудбалерите кои ги имаат ваквите патни исправи, а кои ги добија по победата над Италија во баражот за СП.