Левица му поднесе кривична на Гаши поради блокадата на Законот за бранители

21

Политичката партија „Левица“ денеска поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието Африм Гаши поради тоа што не ја исполнил својата деловничка обврска во врска со законот за бранители.

Пратеникот Сашко Јанчев на прес-конференција во Собранието рече дека кривичната пријава е поднесена поради тоа што Гаши несовесно постапил во однос на своите овластувања и направил кривично дело против службената должност.

– Законот за бранители е заглавен во собраниска процедура откако претседателот на матичната Комисија реши да не свикува сеница односно реши да го блокира законот. Во ваква ситуација, кога претседател на Комисија решава да не свикува седница по одреден закон, должност и надлежност на претседателот на Собранието е да ја одблокира законската постапка односно согласно член 126 став 3 од Деловникот, претседателот на Собранието е тој кој треба да ја свика Комисијата и да значи член кој ќе ја води седницата на таа Комисија. Претседателот на Собранието уште пред 10 дена на 16 септември во изјава за медиумите рече дека нема намера да го одблокира законот за бранители, дека нема намера да свика седница за законот за бранители и до денес таква седница не е свикана, посочи Јанчев.