Клоп го започнува шопингот по играчи во Барселона

58
epa10223888 Head coach Juergen Klopp of Liverpool FC after the UEFA Champions League group A soccer match between Liverpool FC and Rangers FC in Liverpool, Britain, 04 October 2022. EPA-EFE/Peter Powell

Јирген Клоп неодамна беше претставен како нов глобален шеф на сите клубови кои се во сопственост на Ред Бул. На поранешниот менаџер на Ливерпул не му требаше многу за да започне, а веќе одлучи кои фудбалери сака да ги доведе во своите клубови.

Германецот го напушти Ливерпул на крајот од минатата сезона и рече дека ќе паузира од фудбалот најмалку една година. Тоа очигледно нема да се случи бидејќи Клоп потпиша договор со Ред Бул за неговата нова работа на 9 октомври.

Трофејниот стручњак официјално ќе започне со работа на 1 јануари 2025 година, но очигледно е дека веќе почнал да составува список со фудбалери кои сака да ги доведе во наредниот период.

Се откри новинарот Себастијан Видал кој тврди дека неколку млади играчи на Барселона се на врвот на листата на желби на Ред Бул.

Како што тврди новинарот, Алеикс Гаридо и Ноа Дарвич се двајца фудбалери кои ги следел Клоп и кои сака да ги доведе во групата на Ред Бул бидејќи смета дека се совршени за нив.

Двајцата досега беа членови на Б тимот на Барселона, а Гаридо дебитираше за првиот тим под водство на Чави, додека Дарвич беше донесен во Барса минатото лето од Фрајбург, и веднаш ги импресионираше сите во својот нов клуб со одличните игри.

Клубовите во сопственост на Ред Бул развија некои одлични млади фудбалери низ годините, како Дани Олмо, Ерлинг Халанд и Јошко Гвардиола.

Останува да видиме дали Гаридо и Дарвич ќе бидат првите две засилувања во ерата на Клоп, а ако му се верува на новинарот кој ја пренесе оваа информација, тоа би требало да се случи во јануари.