Парите секогаш им се на прво место: Жените од седум хороскопски знаци се мажат исклучиво од корист

106

За нив парите се на прво место, а љубовта е бонус што доаѓа, но не мора да се случи

Има некои жени кои како девојки сонувале да станат принцези, но кога пораснале сакале да бидат кралици, пишува stil.kurir.rs.

Тие сакаат сè и веднаш. Животот во изобилство за нив е нешто што се зема здраво за готово.

Еве за кои жени станува збор:

Жените во хороскопскиот знак Овен

Ако жената Овен се вљуби, тогаш парите не и се толку важни. Таа е крајно импулсивна и на тој начин влегува во брак. Жената Овен е способна наеднаш да одлучи да „влета“ во брак страсно и импулсивно без жалење или поглед на минатото. Ако сака да се омажи богато, таа најчесто ќе најде сопруг меѓу Стрелците, Лавот и Овенот. Нејзината примарна желба е покрај себе да има богат сопруг.

Жените во хороскопскиот знак Бик

Жената Бик има голема желба да се омажи богато, но ќе се труди и да се вљуби во богат маж. Жените Бикови секогаш се трудат да изгледаат совршено, но и важно и е да има некој до себе со кој ќе доживее голема романса. Ако сака финансиска сигурност во бракот, жената Бик мора да бара сопруг меѓу Вага, Риби и Јарец.

Жените Близнаци

Жените во овој знак ги сакаат парите и ги сметаат за главен фактор на слобода и инспирација. Материјалните тешкотии можат само да ја повредат нивната чувствителна душа.

Жената Близнаци ќе стапи во брак само поради една причина: да обезбеди материјална сигурност. Меѓутоа, проблемот настанува кога нејзиниот сопруг не и ја дава толку потребната слобода, на која таа е толку навикната. Таа е во состојба да има афера со маж кој е побогат и финансиски постабилен од нејзиниот сопруг. Скоро секој хороскопски знак им одговара за брак освен Скорпија и Овен.

Жените во знакот Лав

Жените Лав имаат мото: извлечете го најдоброто од животот. Ова важи и за изборот на брачен партнер. Тука често се појавуваат проблеми бидејќи партнерот излегува од нивна контрола и не ја исполнува нивната слика за идеалот, па доаѓа до расправија. Жената Лав мора да го одржува своето ниво и затоа не се согласува на компромиси. Ако сака финансиска сигурност, мора да бара брачен партнер во знакот Овен, Бик или Лав.

Жената во знакот на Шкорпија

Смислата на нејзиниот живот е да фати добро ситуиран маж. Не ни помислуваат да заработат, тоа го очекуваат од своите сопрузи. Жената Шкорпија без двоумење ќе замени сексуални услуги за пари. Тие не сакаат љубов, бараат пари. Идеален брачен партнер им е оној под знакот Вага, Девица и Водолија.

Жена во знакот Јарец

Тоа е типичен пример за жена која бара брак исклучиво заради погодности. Ќе смислат стратегија како да го фатат најдобриот примерок. За неа, згодниот брак е единствениот брак во кој сакаат да бидат. Жената Јарец ќе цвета само со финансиски стабилен маж.

Жените во знакот Риби

Тие се вистински познавачи на се убаво и софистицирано, а тоа чини пари. Тие бараат некој кој ќе ги задоволи и психички и физички. Ако мажот не ги задоволи нивните потреби, тие брзо ќе го заменат со друг. Своите финансиски понзори мораат да ги бараат меѓу Скорпиите и Стрелците.