Апсењето на Илир Мета не течело лесно за албанските специјалци/ВИДЕО

653
Фот:принтскрин/видео Х

Албанските специјалци го уапсија еден од највлијателните политичари во таа земја, Иљир Мета, под сомнение дека бил вмешан во корупциски скандали и перење пари додека бил премиер, претседател и претседател на парламентот.

Полицијата го запрела Мета додека со автомобилот се движел до местото каде што имал закажано прес-конференција. Веднаш по апсењето тој е приведен во просториите на специјалното обвинителство.

Пред апсењето тој тврдеше дека никогаш не се занимавал со финансии, туку дека за тоа се грижела неговата сопруга Моника Кријемади.

Проблемите, се чини, настанале кога започнал бракоразводна парница, јавуваат албанските медиуми, пренесува РТС.

Албанската опозиција веднаш реагираше бурно, тврдејќи дека апсењето е политички мотивирано и дека нема да биде изненадување доколку Мета биде ликвидиран.

„Сè во овој случај е политички мотивирано и по наредба на Еди Рама, кој на секој начин се обидува да го елиминира Мета политички, а можеби и физички“, изјави претседателот на опозициската Демократска партија, Саљи Бериша.