Професорот Ивица Весов во својот дом чува разни видови канаринци и австралиски егзотични птици  

780

Има специјално опремени две простории во кои во кафези се сместени 200 птици. Ова негово хоби за него не претставува тешкотија, иако тоа бара многу откажувања, но и претставува секојдневна грижа, менување на храна за птиците, вода, чистење на кафезите, нивно капење, давање на витамини итн. Ивица Весов, воедно е и член на Здружението за заштита и одгледување на птици „Славеј“ од Скопје, но е и претседател на Орнитолошката федерација на Македонија. Неговите птици добиле 20 златни медали на државни орнитолошки шампионати, а вкупно има над 100 пехари и медали.

Во однос на појавата на птичјиот грип, кој се констатира кај гуска во Зоолошката градина, тој вели дека нема опасност неговите птици да се заразат, бидејќи се во затворен простор и немаат допир со надворешната средина. – А кога набавуваме птици од странство се води сметка. Птиците се ставаат во карантин, се набљудуваат одреден период, добиваат третман, вакцини и лекови за превенција. Не сакаме и ние нашето матично јато од птици да го заразиме, не само од птичји грип, туку и од други помалку опасни болести, објаснува Весов

Птиците се негова пасија, страст и љубов уште од најраното детство до денес. Има специјално опремени две простории во својот дом во Радишани, каде што во кафези одгледува 200 птици, меѓу кои разни видови канаринци, гулдамадини, односно австралиски егзотични птици.

Ивица Весов, инаку професор по латински јазик во Средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“, вели дека птици чува веќе 40 години. Во неговото семејство уште кога бил дете се чувале животни, папагали. Така се родила и неговата љубов, посебно кон птиците. Освен птици, тој чува и куче, има и аквариуми во кои одгледува риби, а има и зајак.

Ова негово хоби за него не претставува тешкотија, иако тоа бара многу откажувања, но и претставува секојдневна грижа, менување на храна за птиците, вода, чистење на кафезите, нивно капење, давање на витамини итн.

Тој воедно е и член на Здружението за заштита и одгледување на птици „Славеј“ од Скопје, но е и претседател на Орнитолошката федерација на Македонија. Според Весов, во Македонија има 10 такви здруженија, од кои 4 е во Скопје. 

– Како Федерација секоја година одржуваме државен орнитолошки шампионат – изложба на птици. Оваа година тој ќе се одржи во декември во Природонаучниот музеј – вели Весов.

Во овие државни орнитолошки шампионати тој околу дваесетина пати е добитник на

20 златни медали, а вкупно има над 100 пехари и медали.

– Битно ми е тоа што овде се дружиме. Доаѓаат судии од странство и треба да се нагласи дека мора да се запазат светските стандарди кои ги поставува Светската орнитолошка федерација – нагласува Весов.

Тој вели дека проблем претставува тоа што во нашата држава нема ветеринари за птици, па тие самите мораат да се снаоѓаат, одгледувачите на птици меѓусебно да се консултираат, да читаат литература и да се консултираат со странски одгледувачи. Самите тие се ветеринари и интервенираат кога ќе забележат дека некоја птица се разболела.

Во однос на појавата на птичјиот грип, кој се констатира кај гуска во Зоолошката градина, тој вели дека нема опасност неговите птици да заразат бидејќи се во затворен простор и немаат допир со надворешната средина.

– А кога набавуваме птици од странство, се води сметка. Птиците се ставаат во карантин, се набљудуваат одреден период, добиваат третман, вакцини и лекови за превенција. Не сакаме и ние нашето матично јато од птици да го заразиме, не само од птичји грип, туку и од други помалку опасни болести – објаснува Весов.

Кога оди на одмор во текот на летото, тој своите птици ги доверува на другари кои исто така одгледуваат.

– Си помагаме меѓусебно. Кога некој од нив е на одмор, пак јас му ги надгледувам птиците – објаснува Весов. 

Неговата ќерка, исто така, е голем љубител на птиците и животните, но тој вели дека за жал сега младите, одгледувањето на птиците ретко го прифаќаат како хоби, бидејќи не сакаат да имаат обврски.    

(А.П.)