Во Куманово запалени четири контејнери

11

Четири контејнери во Куманово биле опожарени, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи – Куманово. Од Територијалната противпожарна единица – Куманово информираат дека вчера интервенирале за пожар на три контејнери и напуштена гаража под пругата во месноста Бавчи. Бил запален контејнер во неделата, во селото Горно Којнаре. Пожарникарите гаснеле и ѓубре во селото Романовце.

Жителите на булеварот „Октомвриска револуција“ постојано се жалат за неподнослива миризба и додаваат дека дополнително се загадува воздухот поради палењето.

Во текот на викендот, несовесни граѓани ги фрлиле во река новопоставените садови за смет покрај текот на реката Кумановка.

Кумановци бараат брза и навремена реакција од општинските и од државните институции за спречување и за казнување на несовесните граѓани, кои ја уништуваат урбаната опрема.