Промоција на гравот и компирите што се одгледуваат во планинското подрачје

36

Земјоделската задруга за традиционално сточарство „Шари“ во шарпланинското село Вејце ги организираше манифестациите „Денови на тетовскиот грав“ и „Ден на компирот од Вејце“.

Манифестациите беа можност посетителите да пробаат од компирите и од гравот кои растат во селата што се наоѓаат на Шар Планина, како и друг вид храна и мед од планинскиот регион. 

Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, и неговиот заменик, Флакрон Беџети, ги посетија манифестациите.

– Овие две манифестации се уште еден доказ дека македонската почва е плодна и дека раѓа вкусна храна. Само преку поддршка на земјоделците можеме да јадеме вкусна и квалитетна храна – истакна министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.

Беџети посочи дека со проектот ИПАРД, жителите од ова подрачје добиле поддршка од два милиона и 200 илјади денари, со важна опрема и дека посетата е за да им дадат поддршка, да го стимулираат земјоделството.

На настанот учествуваа повеќе културно-уметнички друштва.