Поп пејачот Влатко Лозаноски стана татко, тој и неговата партнерка добија син

475

Влатко Лозаноски – Лозано, македонски пејач и еден од нашите најдобри машки вокали моментално на сцената, стана татко. Тој и неговата партнерка добија син, кому му го дадоа името Марко.

За приватниот живот на Лозаноски многу малку се знае во јавноста, а пејачот во неодамнешно интервју спомена само дека има партнерка.

Лозано неодамна ја промовираше својата нова песна со наслов „Жолто црвено“, која, како што самиот вели, е инспирирана од вистинска животна приказна.