Голем пожар во висококатница во Лондон/ВИДЕО

17

Огромен пожар избувна утрово во станбена зграда во источен Лондон, а на местото пристигнаа десет противпожарни возила и 70 пожарникари. Како што пишува британски Дејли Мејл, пламенот е забележан како излегува од стан во станбен блок на Квинс Роуд Вест во Плаистоу нешто по 8 часот наутро.

Лондонската противпожарна бригада соопшти дека пожарот избувнал во стан на десетти кат во блок 15 и „тековно гори балконот и внатрешноста на станот“.

Засега нема извештаи за повредени или жртви. Тројцата мажи успеале да побегнат од запалениот стан пред да дојде брзата помош и да им помогне на лице место.

Околу 30 луѓе во блокот се евакуирани, а причината за пожарот се уште не е позната.