Ефикасно загревање на домот: Едноставни методи како да се подготвите за зима и да заштедите пари

235

Кога есента ќе пристигне и првите студени денови тропаат на врата, тоа е идеално време да се подготвите за зимата и да обезбедите ефикасно загревање на домот.

Со доаѓањето на студеното време, важно е да преземете неколку едноставни чекори за да го подобрите греењето на вашиот дом и да ги намалите сметките за енергија.

Проверете ги вратите и прозорците

Прво, задолжително проверете ги вратите и прозорците. Доколку забележите дека не дихтуваат добро, залепете ленти со сунѓер на места каде што влегува ладен воздух.

Едноставна, но важна процедура е проверка на радијаторите. Отворете го вентилот и почекајте да се појават првите капки вода, што покажува дека радијаторот сега е полн со топла вода, а истовремено испуштето го насобраниот воздух во нив. Со тоа, го отстранувате заробениот воздух што може да создаде ладни точки и да спречи радијаторот да работи најдобро.

Грижете се за радијаторите

Дополнително, поставете алуминиумска фолија зад радијаторот за да ја рефлектира топлината во просторијата и да спречи да се изгуби на ѕидот. Погрижете се фолијата да има изолационен слој свртен кон ѕидот.

Не заборавајте дека мебелот ги блокира радијаторите. Оставете доволно простор за да може топлината рамномерно да се шири низ просторијата. На овој начин вашиот дом ќе биде удобно топол и во најстудените денови.