БЕРЛИН НА МЕТА НА ТЕРОРИСТИ: Либиец планирал напад со огнено оружје врз израелската амбасада во Германија

41

Либиец уапсен од германската полиција за наводно планирање напад врз израелската амбасада во Берлин со намера да употреби огнено оружје, соопштија обвинителите.

Во неговиот стан во берлинското предградие Бернау е уапсен маж осомничен дека е поврзан со терористичката група „Исламска држава“.

Весникот „Билд“ пишува дека овој човек влегол во Германија во ноември 2022 година, а во јануари следната година поднел барање за азил. Барањето било одбиено осум месеци подоцна, а човекот не ја обжалил пресудата.

Иако нема општа блокада на депортации од Германија во Либија, враќањето на одбиените мигранти е попречено поради недостатокот на функционални државни структури во северноафриканската земја.

Федералните обвинители соопштија дека осомничениот, именуван како Омар А, ќе биде изведен пред Федералниот суд на правдата во Карлсруе подоцна во текот на денот. Дали тој ќе остане во притвор во текот на истрагата ќе одлучи судија.

Обвинителството соопшти дека либискиот државјанин имал намера да изврши „напад од висок профил со огнено оружје врз амбасадата на Израел во Берлин“.