Татко ја нападнал ќерката со тврд предмет откако претходно им се заканувал неа и на сопругата

116

Полицијата извести дека вчера во 210 часот полициски службеници од СВР Скопје го уапсиле М.П.(43).

Уапсениот на 18.10. околу 22.30 часот во семејниот дом упатувал закани кон неговата сопруга и ќерка, а потоа и физички ја нападнал својата 19-годишна ќерка, при што употребил тврд предмет.

За настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.