Почна изградбата на новиот парк „Топлик“

46

Местото „Топлик“ ќе добие нов парк кој ќе го носи името по локaцијата каде што се гради. Општина Гевгелија веќе ги започна градежните активности и како што велат оттаму местото „Топлик” е избрано како локација блиска до градот која има огромен потенцијал да прерасне во рекреативен центар.

– Проектот за уредување на просторот околу браната „Топлик“ беше дел од мојата предизборна програма за локалните избори во 2021 година, од таа причина беше иразботена техничка документација и истата веднаш беше аплицирана за реализација – изјави градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов.

Тој информираше во рамките на апркот ќе бидат изградени летниковци, а ќе бидат поставени и клупи и масички за седење, како и корпи за отпадоци. Воедно, ќе бидат изградени и патеки за рекреација и поврзување на просторот, ќе бидат поставени патокази и канделабри на сончева енергија за осветлување на просторот.

– Важно е дека со реализацијата на овој проект нема да бидат предизвикани штети по животната средина и потенцијалот на природните богатства околу браната „Топлик“ – нагласи Сарамандов, додавајќи дека проектот е добиен преку програмата за „Зајакнување на општинските совети- Фаза 2“ и форумските сесии организирани од страна на УНДП.