Техеран откри кој стои зад нападот со дрон врз резиденцијата на Нетанјаху

116

Иран синоќа потврди дека либанското движење Хезболах, финансиски и воено поддржано од Техеран, го изврши нападот со дрон врз приватната резиденција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Таа акција ја изведе либански Хезболах, се наведува во краткото соопштение на Мисијата на Иран во Обединети нации – објави иранската новинска агенција ИРНА.

Претходно, Нетанјаху ги обвини „сојузниците на Иран“ дека се обиделе да го убијат него и сопругата откако дрон ја погоди неговата приватна резиденција во Цезареја.

– Иранските сојузници се обидоа да ме убијат мене и мојата сопруга, направија грешка за која ќе зажалат. Им кажувам на Иранците и нивните партнери од оската на злото дека секој што ќе му наштети на граѓаните на државата Израел за тоа ќе плати висока цена – посочи Нетанјаху.

Во инцидентот никој не е повреден.