На ГП Деве Баир лишен од слобода турски државјанин, покажал две фалсификувани зелени карти

15

Денеска (20.10.) во 02.20 часот на Граничниот премин Деве Баир,  на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.Ч.(43) од Република Турција.

При извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека  приложил две фалсификувани зелени карти за товарно возило „ДАФ” и полуприколка „Тирсан” со турски национални ознаки, кои истиот ги управувал.

Тој бил предаден на полициски службеници во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.