Објавена досега невидена снимка: Убиениот водач на Хамас Синвар со семејството во тунелите под Газа/ВИДЕО

1187
Фото: Israel Defense Forces @IDF screenshot

Полковникот Надав Шошани, меѓународен портпарол на израелските одбранбени сили (ИД), објави декласифицирана видео снимка на која наводно се гледа што правел неодамна убиениот лидер на Хамас Јахја Синвар еден ден пред нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Шошани тврди дека видеото, кое се чини дека е снимено од безбедносните камери во еден од тунелите на Хамас, е снимено неколку часа пред нападот на Хамас врз Израел. Во него може да се види Синвар како носи вреќи, вода, перница и како што вели Шошани, телевизор.

Портпаролот на ИДФ Даниел Хагари тврди дека тунелот што се гледа на видеото е под домот на Синвар во Газа.

– Со часови беа сами. Синвар и неговиот син шетаат напред-назад, се опремуваат со храна, вода, перници, телевизор, душеци и други производи за долг престој во тунелот – рече Хагари, а пренесува Тајмс оф Израел.

„Со часови пред масакрот, Синвар се грижеше само за себе и за своето семејство додека испраќаше терористи да убиваат израелски деца, жени и мажи“, додаде Хагари.

ИДФ објави слично видео во февруари, за кое тврдеше дека го прикажува Синвар како шета низ тунел со своето семејство по нападот на 7 октомври.

Хамас ја обвини ИДФ за ширење „безобразни лаги“ и ги отфрли коментарите на Хагари како „очајнички обид да се спаси лицето за поразената армија. Тие додадоа дека Синвар бил убиен во акција откако ја поминал изминатата година на различни фронтови во Газа, предводејќи го отпорот на нивниот храбар народ.