Ракометарите на Алкалоид има одлична шанса за пласман во следната фаза на ЕХФ Купот. „Фармацевтите“ во Автокоманда славеа убедливо над литванскиот Драгунас Клаипеда со 42:31 во првиот дуел од 2. коло во ова натпреварувањето.

Со високата победа тимот на Кирил Лазаров обезбеди добра залиха пред реваншот кој ќе се игра во Литванија. На тренерот му се оствари желбата неговиот тим да го спушти ривалот на низок број на голови од вообичаеното кои ги дава +35, а во нападот, Алкалоид одигра одлично и така гледа кон следната фаза.

Најефикасен во составот на Металург беше Никола Костески со десет голови, Бинго постигна девет, Серафимов шест, Галевски мечот го заврши со девет одбрани, даде и еден гол. Во составот на Драгунас најдобар беше Буткус со шест голови.

Реваншот во Литванија е за седум дена, претходно Алкалоид го чека големо дерби во македонската лига против Пелистер во Автокоманда, тој меч се игра во вторник.