Петарди пукаа до кошаркарите на МЗТ Скопје и Работнички, навивачите избркани од салата (ФОТО)

52

На македонско кошаркарско дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје се случија немили сцени, откако навивачките групи „Сити Парк Бојс“ и „Фемили Аеродром“ предизвикаа прекин. Фановите почнаа да си фрлаат предмети, па дури и пиротехнички средства.

Ситуацијата ескалираше кога петарда пукна близу до играчите на МЗТ, а потоа двете навивачки групи си разменија и пиротехника меѓу себе. Играчите се повлекоа од теренот и средбата беше прекината на стартот на втората четвртина.

Делегатот одлучи да се испразнат деловите од трибините каде што се наоѓаа најжестоките навивачи на двата тима. „Фемили“ беа испратени со полициска придружба кон Аеродром, а потоа се испразни и делот од салата каде што беа „Сити Парк Бојс“.

ФОТО: П.Стојановски