Холандската полиција во пратка со банани открила 334 килограми кокаин, две лица се уапсени

15

Холандската полиција уапси две лица откако пронашла 334 килограми кокаин во пратка со банани во холандското пристаниште Влисинген. Кокаинот е пронајден во средата, соопшти синоќа Обвинителството (ОМ), објави NL Times.

Дрогата била во пратка со банани од Колумбија, а според државното обвинителство била со улична вредност од над 25 милиони евра. Детективскиот тим на единицата Зеланд-Западен Брабант започна истрага, која резултираше со апсење на 55-годишен жител на Хендрик-Идо-Амбахт.

По наредба на судот вчера е претресена куќата на осомничениот, а одземени се носачи на дигитални податоци, административни документи, пари, рачни часовници и две возила, јавува Танјуг.