London Escorts sunderland escorts
Дома МАКЕДОНИЈА Се трча до последниот учесник: Панкс Бекјард Ултра – атлетска трка на...

Се трча до последниот учесник: Панкс Бекјард Ултра – атлетска трка на издржливост, сила и волја кај Негорски бањи

23

Организаторите на Панкс Бекјард Ултра, здружението ТРЕКС од Скопје и АК 7 Ноември – Гевгелија, соопштија дека се пријавени се 70тина натпреварувачи од пет држави, а очекувањата се дека неколкумина од нив ќе истрчаат најмалку 24 круга односно 24 часа и околу 170 километри. Ги повикуваат сите љубители на спортот да дојдат во Негорски бањи и да се придружат во бодрење на натпреварувачите.

Официјалниот старт е денеска и е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје во соработка со АК 7 Ноември – Гевгелија.

Новина оваа година е што Панкс Бекјард Ултра ќе биде домаќин на Националното првенство во ултрамаратонски трки во бекјард како дел од Светското првенство. Секоја држава одбира репрезентација од 15 луѓе кои ќе трчаат на бекјард организиран во својата земја, како дел од светското сателитско првенство кое ќе се одржува истовремено во 64 држави од светот.

Организацијата на Punk’s Backyard Ultra ги замолуваат возачите на моторни возила да бидат внимателни и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација на регионалниот пат Р1102 помеѓу Негорци и Мрзенци кај (јужната) крстосница за влез и излез во Негорските бањи поради тоа што учесниците на натпреварот ќе преминуваат на патот на тоа место.