Го подобрува варењето, а килограмите едноставно се топат: Јајцата за појадок секогаш комбнирајте ги со овој зеленчук

49

Кога станува збор за здрава храна за појадок, јајцата се убедливо најдобриот избор.

Без разлика дали сакате пржени јајца, омлет или поширани јајца, можете да го направите вашиот оброк уште подобар ако вашата цел е да изгубите неколку килограми. И тоа само со додавање на еден хранлив зелен лиснат зеленчук – спанаќот.

Имено, спанаќот е полн со хранливи материи кои промовираат слабеење и лесно може да се додаде во многу рецепти, особено во јајцата. Содржината на влакна во спанаќот може да ви помогне да останете сити подолго време, што може да спречи прејадување во текот на денот. Покрај тоа, спанаќот додава важни антиоксиданси во јајцата кои го намалуваат воспалението во телото што би можело да спречи губење на тежината.

Јајцата, од друга страна, се богати со протеини. Високиот внес на протеини го зголемува ослободувањето на хормонот на ситост (пептид II), кој го намалува апетитот и промовира ситост. Исто така, протеинот ја зголемува стапката на метаболизмот и ви помага да ја одржите мускулната маса за време на губење на тежината. Храната богата со протеини, како јајца, но и риба, посно месо и грав е идеална доколку се обидувате да изгубите некој килограм плус околу половината.

Се покажа дека спанаќот е најдобриот зеленчук за отстранување на салото од стомакот. Богат е со витамини, минерали и антиоксиданси, од кои сите се поврзани со намалување на стомачните масти.

Губењето на салото од стомакот може да биде фрустрирачки процес, но не може да се брза. Губењето на опасното висцерално масно ткиво, кое се наоѓа околу абдоминалните органи, бара промена на начинот на живот и навиките. На пример, вклучувањето повеќе влакна и протеини во вашата исхрана, ограничувањето на потрошувачката на транс масти и додаден шеќер и редовното вежбање може да бидат одлични опции за почеток, пишува Super Woman.