Хамас ќе преживее по смртта на својот лидер, уверен е врховниот водач на Иран

17
Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, рече дека Хамас е жив и здрав и покрај смртта на неговиот лидер Јахја Синвар во израелската воена операција во Газа.

„Неговата загуба е секако болна за фронтот на отпорот“ против Израел, „но тоа воопшто нема да заврши со мачеништвото на Синвар“, рече Хамнеи.

Иран не ја признава државата Израел, која е негов заколнат непријател, а по Исламската револуција во 1979 година, поддршката за палестинската кауза ја направи еден од столбовите на својата надворешна политика.

-Јахја Синвар „беше брилијантна фигура на отпор и борба против Израел, рече Хамнеи. „Тој застана со непоколеблива решителност против суров и агресивен непријател и го победи со тактичност и храброст“, додаде тој.

Синвар, кој долго време беше во сенка пред да стане шеф на Хамас, се смета за архитект на невидениот напад на палестинското исламистичко движење врз Израел на 7 октомври 2023 година, што доведе до крвав конфликт што се заканува да го зафати целиот регион.