Британскиот пејач Лијам Пејн бил забележан како се расправа со непозната жена за пари во фоајето на хотелот „КасаСур“, само неколку часа пред да падне од балконот на хотелот во Буенос Аирес и да умре, ексклузивно пишува „Дејли мејл“.
Мајкл Флејшман од САД, кој исто така престојувал во хотелот, го раскажал разговорот што го слушнал за еден британски таблоид. Тој вели дека приближно три часа пред смртта, музичарот се однесувал „диво“ додека се расправал со непозната жена за пари.
„Ќе ти дадам 20 илјади долари само затоа што можам. Имам 55 милиони долари и сакам да им помагам на луѓето“, ѝ рекол Пејн, според Флајшман.
Ситуацијата ја опишал како „многу напната“, а жената на шпански јазик му зборувала на менаџерот на хотелот, кој нејзините зборови му ги превел на музичарот.
Тој додава дека Пејн изгледал многу вознемирен и со видлив вишок на енергија.
Мајката на Флајшман за британскиот таблоид изјавила дека на жената ѝ било непријатно и дека била малку плашлива. Тие подоцна го напуштиле хотелот, но непозната жена била видена како разговара надвор од зградата.
Ребека од Вашингтон, која исто така престојувала во хотелот и го запознала музичарот, за „Дејли мејл“ е присетила на неговото „бизарно однесување“. Таа вели дека еден од нејзините пријатели требало да биде во апартманот во кој престојувал Пејн, но тој не се одјавил дури попладнето, иако требало наутро.
Таа објаснува дека тоа ги натерало вработените да бидат нервозни, но и поради неговото однесување. Во лифтот наводно ја грабнал девојката која била со него и почнал да лажно ја дави. Подоцна, во фоајето, тој гласно пцуел додека читал дојдовни мејлови и почнал да го удира лаптопот на земја.