Касами пријавил во полиција – жител од Тетовско му се заканувал

63

Тетовскиот градоначалник Биљал Касами пријавил во полиција загрозување на безбедноста.

– МВР информира дека вчера претпладне во 11.30 часот во СВР Тетово бил повикан Ј.В.(43) од с. Требош, за кого постои основано сомневање дека извршил кривично дело „загрозување на сигурност“ пријавено околу 10.30 часот во СВР Тетово од градоначалникот на Општина Тетово Б.К.(49) од Тетово – се вели во соопштението.

Како што информираат од МВР, Касами претходниот ден околу 23.40 часот на неговиот мобилен телефон добил порака со заканувачка содржина.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.