Најблизу до купечкиот, сочен – прсти да излижеш: Домашен бурек со месо за ручек ќе го собере семејството на куп/ВИДЕО

105

За ручек или вечера, направете вкусен бурек со месо, на брз и лесен начин.

Питите се едно од омилените јадења на нашите простори, а особено се истакнува бурекот со месо. Можете да го направите со кори или сами да го истегнете тестото. Ви носиме рецепт за вкусен бурек кој ќе го воодушеви вашето семејство.

Состојки:

300 гр. мелено месо

500 гр. тенки кори

1 голем кромид

сол, мелен бибер, масло

Подготовка:
Исечкајте го кромидот и пропржете го на масло. Додадете сол или суви зачини и мелен бибер. Круг плех премачкајте со масло и покријте го со кора. Соберете по две кори, па наредете ги на дното. Премачкајте со масло и посипете со вода.

Додадете ја третата кора, па ставете половина од месото. Одозгора наредете 4 кори, а на четвртата ставете месо, па повторно наредете 4 кори. Попрскајте со масло и вода и покријте. Повторно попрскајте го врвот со масло и вода.

Свиткајте и печете 40-50 минути.