Новата насловна страница на американскиот магазин „Тајм“ предизвика бројни реакции/ВИДЕО

196

Бројни медиуми објавија за убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар. Меѓу нив е и американскиот магазин Тајм, кој на насловната објави слика од прешкртаното лице на Синвар.

Насловната страна предизвика бројни коментари на социјалните мрежи. Додека од една страна многумина ја осудуваат одлуката на редакцијата на овој весник да објави ваква насловна страна, други ја слават смртта на Синвар.

Вчера израелскиот министер за надворешни работи објави дека израелската армија го убила Синвар, а денеска Хамас и официјално го потврди тоа.

Синвар беше главниот организатор на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година, што доведе до војната во Газа.

Тој стана лидер на Хамас по убиството на поранешниот лидер Исмаил Ханије во Техеран во август.