Путин: Никогаш нема да и дозволиме на Украина сопствено нуклеарно оружје

    76

    Русија никогаш нема да дозволи Украина да развие сопствено нуклеарно оружје, изјави во петокот рускиот претседател Владимир Путин.

    На состанокот со лидерите на медиумите на БРИКС, Путин ги коментираше и извештаите за украинските планови за развој на оружје за масовно уништување.

    „Ова е уште една провокација“, рече рускиот претседател.

    „Не е тешко да се развие нуклеарно оружје во современиот свет. Не знам дали Украина е способна да го направи тоа сега. Но, тоа не е толку лесно за Украина денес. Но, генерално, нема големи тешкотии. Се е јасно како се прави тоа“, додаде Путин.

    Тој нагласи дека Русија е способна да ја следи секоја акција на Украина во насока на стекнување нуклеарно оружје, велејќи дека таквите работи „не е возможно да се сокријат“.

    Тој предупреди дека секој чекор за развој на нуклеарно оружје во Украина ќе биде проследен со „соодветна реакција“.

    Путин одржа состанок со шефовите на водечките медиумски компании БРИКС во рамките на Бизнис форумот БРИКС во руската престолнина Москва.