Ги тепаше своите деца, посра сè за една година

131

Екатерина Кејт Бивол со стил го прослави поразот на нејзиниот поранешен сопруг Дмитриј Бивол во мечот против Артур Бетербиев.

Бивол и Бетербиев имаа меч за паметење минатиот викенд. по 12 рунди жестока борба на големите шампиони, а на крајот Бетербиев стана апсолутен светски шампион во полутешка категорија, по судиска одлука.

Поразот на нејзиниот поранешен сопруг и денеска го слави неговата поранешна сопруга Екатарина. Не може да го преболи тоа што ја остави пред една година, па јавно порача дека со цело срце навива за неговиот противник.

Неколку дена подоцна повторно се огласи на социјалните мрежи, а не заборави ниту овој пат добро да го „исплука“ својот поранешен сопруг.

  • Тој се разведе од мене во ноември, се ожени шест месеци подоцна. Ги тепаше сопствените деца, а три месеци по венчавката ги загуби појасите. Одличен си. Посра сè за една година, напиша Екатерина.

Веднаш по неговиот пораз, кој таа го следеше во телевизиско студио, тргна со навредите.

  • Така ти треба, магаре! Кармата те стигна. Е*и се, не остави. Карма го фати тој шупак, урлаше Кејт по натпреварот.

Исто така, неколку месеци претходно го обвини дека ги игнорирал сопствените деца и дека не плаќа алиментација за нив.

  • Тоа куче не сака да комуницира со сопствените деца. Не плаќа алиментација за синовите, ми дава 1.100 долари за двете деца, посочи таа.

Кејт поднела тужба и бара половина од имотот што го стекнале во заедничкиот брак, а изјавила и дека Бивол има бројни скриени сметки за да не ѝ дава пари.

Рускиот боксер само од мечот со Бетерби заработил 10 милиони долари, но оваа бројка не би била вклучена во евентуалната распределба на парите.

Бивол во професионалната кариера одработи 24 натпревари, доби 23, а според многумина беше и подобар од Бетербиев во меч кој беше одлучен со мнозинска одлука на судиите во корист на другата вистинска машина.

Веќе се зборува за потенцијален реванш и ќе видиме што ќе се случи.