Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ телефонски разговарал со вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Романија, Маријан Каталина Предоју и во таа прилика го информирал дека киднапираните деца од Романија се пронајдени, бидејќи овој случај, за време на претходните денови ја окупираа романската јавност.
Имено, министерот Дачиќ го известил својот романски колега дека полициски службеници по пријава за кривично дело киднапирање извршено во Романија, го уапсиле романскиот државјанин А. Министерот Дачиќ, врз основа на криминално-разузнавачки информации, на својот романски колега му рекол дека српската полиција на улицата Димитрија Туцовиќ во Ниш, само 15 минути по активирањето на српската картичка и мобилниот телефон, околу 14 часот и 30 минути, запрела автомобил „мерцедес“ со романски регистарски таблички со кој управувал таткото на киднапираните деца, како и три малолетни деца.
Дачиќ додаде дека постојат основи за сомневање дека осомничениот А.М. Инаку, тој во последниот месец неколку пати доаѓаше во Србија, се додека неговите деца официјално не влегоа во нашата земја.
Тој посочи и дека полицијата кај него пронашла и одзела неколку мобилни телефони и сим картички.
Романската и српската полиција ќе ги координираат понатамошните активности во овој случај, соопшти српското МВР.