УБИЕН ЛИДЕРОТ НА ХАМАС? Израелската армија проверува дали е ликвидиран Јахја Синвар

80

Израелската армија соопшти дека ја проверува можноста дека го убила лидерот на Хамас Јахја Синвар, пренесува Sky news.

– За време на операциите на ИД во Газа беа елиминирани тројца терористи. ИД и ИСА ја истражуваат можноста еден од терористите да е Јахја Синвар. Во оваа фаза не може да се потврди идентитетот на терористите – се вели во соопштението на ИД.

Армијата забележува дека немало заложници во областа каде што биле убиени тројцата терористи. Имаше извештаи дека Синвар се криел меѓу заложниците, користејќи ги како жив штит.